262
Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили продолжиле со ракетни и артилериски напади врз украинските позиции во областа на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
„Гранатирањето на Харков продолжи“, пренесува Интерфакс Украина.
Се додава дека руските сили спроведуваат офанзивни акции на истокот на Украина, со цел, како што се наведува, воспоставување целосна контрола врз територијата на регионите Доњецк и Луганск и обезбедување на копнениот коридор меѓу тие територии и Крим.