Австриската министерка за екологија: За 5 години без руски гас

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Министерката за екологија и енергетика на Австрија, Леоноре Гевеслер, најави дека целта е Австрија за пет години повеќе да не мора да увезува гас од Русија.

Потребен е национален напор. Невозможно е да се откажеме од гасот од Русија од денес за утре. Тоа се три столба. Мораме да ја намалиме потрошувачката на гас, да се префрлиме на геотермални извори, топлински пумпи итн. секаде каде што е можно. Мораме и да произведуваме биогас и обновлив водород. Трето е дека ни требаат други земји да нè снабдуваат со гас“, објасни таа во интервју за дневниот весник „Естерајх“.

Тоа, додава, била причината за нејзиното неодамнешно патување во Катар.

Слични содржини