Во Пекинг започна масовното тестирање на жителите поради корона вирусот

од Маја Анчевска
231 прегледи

По десетици нови случаи, кинеските власти денеска започнаа масовно тестирање на жителите на Пекинг на Ковид-19.

Тестирањето се спроведува во најголемиот кварт на Пекинг, Чаојанг, каде живеат 3,45 милиони луѓе, а ќе се врши во три фази, пренесува Ројтерс.

Жителите и оние кои работат во Чаојанг ќе бидат тестирани денеска, а повторно во среда и петок.

Слични содржини