Европската Комисија со нов бран санкции против Русија

од Маја Анчевска

Европската Комисија ги предлага пакетите на санкции по претходна консултација со сите чинители во ЕУ за да обезбеди едногласност при усвојувањето на пакетот од страна на земјите членки. Извршната власт на ЕУ уверува дека ќе преземе “ефикасни санкции во најкус можен рок и со единство помеѓу земјите членки.“

-Не можеме однапред да дадеме детали за роковите и содржината, затоа што доверливоста е многу важна работа во дебатите помеѓу земјите членки, не можам да дадам содржински елементи, но решени сме да одиме напред со нов бран санкции против Русија, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант.

Инаку како што потврдува Европската Комисија  се работи на шест  санкции против Русија, но за сега Германија кочи во драстичните мерки.

Слични содржини