Османи-Лирман: Берлин останува предводник на европерспективата на С. Македонија и регионот

од Маја Анчевска
243 прегледи

Берлин останува предводник на европската перспектива на Северна Македонија и на целиот регион. Почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија е високо на агендата на германското МНР и Влада, објави на неговиот фејсбук профил шефот на дипломатијата Бујар Османи по средбата во Берлин со Ана Лирман, државната министерка за Европа во германското МНР.

-Европската интеграција на државите од Западен Балкан стана безбедносно прашање и неговото заокружување е придонес во опстојувањето на европската безбедносна архитектура, наведува Османи .

Во рамки на посетата на Берлин, министерот Османи, претходно денеска во Бундестагот имаше средби со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања, при што исто така, бил реафирмиран германскиот ангажман и поддршка на европскиот пат на Северна Македонија.

Во изјава од Берлин шефот на дипломатијата оценува дека ова е важна работна посета на Германија каде што разговарале за предизвиците наметнати од руската агресија во Украина и блокираната европска перспектива на регионот, како извор на системска ранливост.  

Слични содржини