Воени бродови на НАТО пристигнаа во Финска

од Nikola Popovski
225 прегледи

Три воени бродови на НАТО вчера пристигнале во пристанишниот град Турку во југозападна Финска за да ја обучуваат финската морнарица, јавува Ројтерс.

Како што наведуваат финските одбранбени сили преку соопштение, станува збор за три воени бродови од Латвија, Естонија и Холандија. Тие се наречени „LVNS Virsaitis“, „ENS Sakala“ и „HNLMS Schiedam“.

Обуката на финската морнарица, поради која бродови на НАТО пристигнаа во Финска, требаше да започне на 28 април и да ги подготви финските бродови за учество во НАТО силите за реагирање до 2022 година.

Според финското Министерство за одбрана, обуката ќе се фокусира на „контрамерки за мини и работа во мултинационална рамка“.

Финската премиерка Сана Марик на 13 април објави дека нејзината земја ќе одлучи да поднесе барање за членство во НАТО „во рок од неколку недели, а не за месеци“, а финските и шведските медиуми во текот на вчерашниот ден објавија дека двете земји заеднички ќе изразат желба за влез во НАТО во мај оваа година.

Слични содржини