300
Пратеничката во Европскиот парламент и лидер на Социјалдемократијата, Тања Фајон, е главниот кандидат за министер за надворешни работи на Словенија во новата влада, која би ја предводел победникот на парламентарните избори в недела, Роберт Голоб, тврди австрискиот јавен сервис ORF.
Партијата „Слобода“, која Голоб ја започна со трансформација на еколошката партија, пред изборите, на парламентарните избори во Словенија освои 35 отсто од гласовите и со Левица ќе формира влада.
Во владата би можеле да влезат социјалдемократите на Тања Фајон, која освои седум пратенички места и партијата Левица, која освои пет места.