Бугарскиот премиер Кирил Петков остварил средба со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, кој престојува во посета на Бугарија за да учествува на форумот посветен на Западен Балкан.
Двајцата размениле мислења за актуелната ситуација во регионот, вклучително и во контекст на кризата предизвикана од војната во Украина.
-Петков и Вархјеи разговараа и за последните случувања во дијалогот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Премиерот ја потврди желбата да се најде заемно прифатливо решение за отворените политички прашања, имајќи ги предвид чувствителните теми за Бугарија. Петков истакна дека интензивирањето на секторската соработка меѓу двете земји придонесува за градење меѓусебна доверба и разбирање, соопштија од прес-службата на бугарската влада.
Покрај Петков, Вархеји се сретнал и со бугарскиот претседател Румен Радев.
-Шефот на бугарската држава го искажал ставот на нашата земја, со кој постојано се изразуваат очекувањата на Бугарија за активна посветеност на Република Северна Македонија за решавање на отворените прашања во односите меѓу двете земји и одржливо спроведување на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, со што ќе се придвижи напред и процесот на европска интеграција за нашиот југозападен сосед, стои во соопштението објавено од бугарските медиуми.