Ковачевски разговарал со Рама и Вучиќ, договорен самит на „Отворен Балкан“ во јуни во Охрид

од Nikola Popovski
190 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше онлајн состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама посветен на идните чекори заедничката препознаена и успешна иницијатива Отворен Балкан.

На состанокот тројцата лидери се договорија дека следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи првата половина од јуни во Охрид, а на почетокот од септември заеднички ќе се организира голем туристички саем на вино и храна во Србија на кој македонските, албанските и српските производители на вино и храна ќе имаат можност да ги презентираат нивните производи на гостите од регионот и Европа.

На самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата и затоа на овој состанок беа присутни и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На денешниот состанок беше истакнато дека Отворен Балкан останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Слични содржини