Мадона раскина со 35 години помладото момче

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Мадона раскина со 35 години помладото момче Ахамалик Вилијамс, пишува „Mirror“. На пејачката наводно и било тешко да одржува врска поради работата.

„Таа има напорен распоред, работи на претстојниот автобиографски филм, музика и се грижи за своето семејство. Многу работи се случија. Сè уште постои љубов меѓу Мадона и Ахламалик, но тие сепак решија да раскинат. Тие останаа во добри односи“, рекол изворот, близок до пејачката.

Мадона претходно напиша значајна порака на Инстаграм, алудирајќи на раскинување.

„Кога некој не е погоден за тебе, Бог ќе ја натера таа личност да те повреди додека не станеш доволно силна за да ја пуштиш“, напиша пејачката.

63-годишната пејачка и Ахламалик (28) се запознала во 2015 година на нејзината турнеја. Врската започнала четири години подоцна.

Слични содржини