Мицотакис: Ќе и помогнеме на Бугарија во снабдувањето со гас

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска во телефонски разговор со бугарскиот колега Килир Петков изјави дека неговата земја ќе и пружи помош на Бугарија откако Русија ќе ја прекине испораката на гас за таа земја.

„Премиерот рече дека Грција ќе и помогне на Бугарија да се справи со новонастанатата ситуација предизвикана од одлуките на Русија во енергетскиот сектор“, се вели во соопштението од кабинетот на Мицотакис, без да даде повеќе детали, пренесува Ројтерс.

Руски Газпром денеска објави дека целосно ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска, бидејќи тие одбија да платат во рубљи за испорачан гас во април.

Слични содржини