Мертенс ќе потпише нов договор со Наполи

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Белгискиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс ќе потпише нов договор со клубот, објави италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

Мертенс постигна договор со претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис, кој вчера присуствуваше на тренингот на тимот, а потоа ги покани тренерот Лучано Спалети и играчите на вечера.

Тој се обидува да го обедини тимот пред решавачките натпревари во Серија „А“.

34-годишниот Мертенс за Наполи игра од 2013 година, а актуелниот договор со клубот му истекува ова лето, но ќе биде продолжен за уште една година.