Западните разузнавачки агенции знаат каде се наоѓа бункерот во кој се крие рускиот претседател Владимир Путин.
Ова го изјави поранешниот министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков во интервју цитирано од УНИАН.
Според него, една од причините зошто Путин не се осмелува да изврши нуклеарен напад е тоа што ќе има одмазднички удар на местото каде што се крие.
„Не треба да се мисли дека нема методи во случај да се отстранат сите ограничувања (а употребата на нуклеарно оружје е отстранување на ограничувањата) за целен напад на местото каде што е лично Путин“, рече тој.
Претходно во сервисот „Гугл мапс“ станаа достапни висококвалитетни сателитски снимки од сите стратешки локации на Руската Федерација, потсетува весникот „Стандард“.