Димовски за Неделков: Ги крева очекувањата на луѓето, а на крај се пазари и не прифаќа

од Nikola Popovski
275 прегледи

Тоа не е серизоно. Штрајкот не е авантура, ти поведуваш една интелектуална маса народ, каде што им ги креваш очекувањата, а на крај се се сведува на еден пазар, каде што прифаќам, па не прифаќам. Ние како Сојуз на синдикати на Македонија нема да се доведеме на тоа ниво и кога преговараме нашите ставови се јасни, базирани на факти и преговараме достоинствено, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски во однос на барањата на СОНК и претседателот Јаким Неделков.

Димовски прецизира во ССМ нема реперкусии.

-Битката е за работнички права, не на овој начин со манипулирање на членството. Велиме идеме на штрајк со 18%, бараме за сите подеднакво и на крај излегуваме со понуда од Владата. Ние бараме спогодбено и не ги кршиме законите, вели Димовски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини