Суд во Москва го казни Твитер со 37.000 евра поради кукасти крстови

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Судот во Москва денеска го казни Твитер со три милиони рубљи (околу 37.000 евра), бидејќи, како што се наведува во образложението, одбил да ги отстрани објавите со упатства за подготовка на молотови коктели и поради нацистички свастики.

Како што беше соопштено, судот го прогласи Твитер за виновен за административен прекршок поради, како што ги нарече, информации со кои се навредува руската држава, химна и знаме, пренесе Интерфакс.

Најголемите интернет сервиси – Гугл, Телеграм, Твитер и ТикТок – беа казнети неколку пати поради одбивање да ја отстранат содржината забранета во Русија.