13 години подоцна: Објавени првите кадри од продолжението на „Avatar“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
408 прегледи

Киностудиото „Disney“ го објави првиот трејлер за „Avatar: The Way of Water“ – продолжение на еден од филмовите со најголема заработка досега.

Снимката од продукцијата на режисерот Џејмс Камерон беше претставена за време на изложбата CinemaCon во Лас Вегас. Форумот, кој е достапен и за пошироката јавност, секоја година ги собира кино сопствениците, изложувачите и претставниците на холивудските студија.

Според Камерон, продолжението на „Avatar“ има за цел да ги „премине границите на она што киното може да го направи“.

Присутните беа поканети да стават 3D очила за да се потопат во магијата на „Avatar: The Way of Water“ и да се вратат на планетата Пандора, каде што можат да ги видат нејзините жители со сина кожа како пливаат и лебдат во воздухот.

„Можам да ве уверам дека вредеше да се чека“, рече Тони Чемберс од Disney. Тој го потврди и насловот избран за вториот дел од блокбастерот.

„Avatar: The Way of the Water“ ќе се појави во кината подоцна оваа година, а се очекуваат да следат уште три епизоди од сагата, чиј оригинален филм заработи околу 2,8 милијарди долари по прикажувањето на големото платно во 2009 година.

Секој дел ќе биде независен од другите и ќе има свој заплет, но земени заедно, тие ќе бидат „уште поголема епска сага“, објасни продуцентот Џон Ландау.

Режисерот Џејмс Камерон зборуваше со публиката преку видео врска во живо од Нов Зеланд, каде што работи на последните детали од продолжението. Тој вети многу технолошки напредок во однос на првиот дел од продукцијата, во кој главните ликови Џејк Сали (Сем Вортингтон) и Нејтири (Зои Салдана) се веќе семејство.

„Одлучивме уште еднаш да ги поместиме границите на тоа што може да го направи киното“, изјави Камерон во Лас Вегас.

Слични содржини