241
Шведската влада не планира да одржи референдум доколку парламентот го поддржи предлогот за членство на земјата во НАТО, изјави денеска премиерката Магдалена Андерсон.
Според неа, референдумот е „лоша идеја“, пренесува Ројтерс.
„Не мислам дека тоа е прашање кое е соодветно за референдум. Има многу информации за националната безбедност кои се доверливи, така што има важни прашања и факти на еден ваков референдум за кои не може отворено да се зборува“, рече Андерсон.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес изјави дека Шведска и Финска ќе можат да влезат во НАТО веднаш штом ќе одлучат да аплицираат за членство во Алијансата.