Моето мислење е дека денешната прес-конференцијата на Мицкоски не беше поради преговорите со Бугарија. СОНК денес јави дека го прекинува штрајкот, па некако тоа е пиарски е да се покрие тој дел, затоа што многу членови на Синдикатот се дел од ВМРО-ДПМНЕ и нивни симпатизери и детектирано е по која линија штрајкот идеше. Мицкоски мораше да го покрие тоа со некаква нелогична прес-конференција, вели политичкиот аналитичар Љупчо Зиков за денешната прес-конференција на лидерот на опозицијата за датум за предвремени парламентарни избори.
Зиков вели дека не знае како ќе настапи Мицкоски.
-Преостануваат некакви демонстрации, „некои терористички напади или вирус“ да ни пуштат, да не ме сфати сериозно јавноста. На крајот на денот ВМРО-ДПМНЕ не кажува ништо ново со ова. Тие имаат легитимно право на протести. Целта на опозицијата во овој момент не е подобрување на економската и политичката состојба, ниту решавање на спорот со Бугарија, туку само како побрзо да дојдат на власт. Лидерството на ВМРО-ДПМНЕ е под притисок на претходниците на челото на партијата кои се осудуваат, смета Зиков во емисијата „Само вистина“.