Две силни експлозии се слушнале во главниот град на Украина.
Ројтерс јавува дека очевидци ги потврдиле експлозиите во Киев, но дека нема повеќе детали што ги предизвикало.
Киев Индипендент објави дека густ чад се издигал над центарот на градот.
„Експлозиите може да значат или дека проектилот го погодил градот или дека бил пресретнат од противвоздушната одбрана“, посочуваат тие.
Според Ројтерс, експлозиите се случиле за време на прес-конференција на украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
⚡️⚡️ Two loud explosions heard in central Kyiv. Smoke is rising above the city center.
Explosions can indicate either that a missile hit the city, or that it was intercepted by air defense.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) April 28, 2022
Според првите податоци, наводно била погодена фабриката за оружје Артем.
A series of explosions in #Kyiv. According to preliminary data, the Artem defense plant was hit with calibers.#UkraineRussiaWar pic.twitter.com/sjQh9FtdpH
— Newsistaan (@newsistaan) April 28, 2022
Во текот на денот во Киев присуствуваа и бугарскиот премиер Кирил Петков.