СЛОВАЧКА ПОТВРДИ: Отворивме сметка во рубљи

од Nikola Popovski
216 прегледи

Претседателот на Комититето за економска политика при Националниот совет на Парламентот на Словачка, Петер Кремски, потврди дека Словачка отворила сметка во рубљи, која би се користела за плаќање на рускиот гас.

– Тоа не треба да не чуди, имајќи предвид дека нашата земја и големите енергетски компании имаат многу сметки во различни банки. Не мислам дека се работи за некоја важна информација, рече тој, одговарајќи на прашањето за отворањето сметка во рубљи за плаќање на рускиот гас.

Истовремено, тој подвлече дека е неопходно земјите од Европската унија да бидат обединети во однос на плаќањето на гасот во рубљи.

– Има голем број технички детали кои мора да се решат… Потребно е да се најде единствено решение, а како тоа ќе се реализира е друга работа. Банката лесно ќе најде начин, рече Кремски и додаде дека е за Словачка да произведува природен гас во Словачка.

Првиот заменик-министер за економија на Словачка, Карол Галек, претходно објави дека земјата има сметка во рубљи, но дека таа се уште не е активирана.

Русија покрива 85-87 отсто од потребите на Словачка за природен гас, додека републиката може да обезбеди само два отсто од потребите од своја територија.

Според Фајненшл тајмс, енергетските компании во Словачка, Австрија, Унгарија и Германија имаат намера да отворат сметки во рубљи кај Газпромбанк за да платат руски гас.

Слични содржини