226
Шефот на агенцијата на ЕУ, Фронтекс, Фабрише Леџери, ја понуди својата оставка откако се појавија обвинувања дека оттаму лошо се однесувале кон мигрантите на надворешните граници на Унијата, изјави извор за Ројтерс.
Портпаролот на Фронтекс, Пиор Свиталски, одби да го коментира извештајот, наведува британската агенција.
Минатата година Европскиот парламент објави извештај во кој се наведува дека Фронтекс учествувал во враќањето на мигрантите, што е прекршување на обврските на ЕУ според меѓународното хуманитарно право, кое забранува враќање на луѓето каде што би биле загрозени нивните животи.