Сијарто: И другите плаќаат во рубљи, само не зборуваат за тоа

од Nikola Popovski
197 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека повеќето западноевропски компании кои увезуваат гас во ЕУ го плаќаат рускиот природен гас во рубљи, во согласност со барањата на руската држава и добавувачите.

-Компаниите кои увезуваат природен гас од Русија отвораат сметки во Газпромбанк, што не е предмет на санкции, рече Сијарто за време на посетата на унгарското малцинство во Словенија.

Според инструкциите на компанијата, Газпромбанк ги конвертира нивните евра и рубљи и плаќа гас, изјави Сијарто, а пренесува МТИ.

„Не е точно дека другите го отфрлија ова, тие се само помалку отворени за ова прашање“, рече Сијарто, апелирајќи до медиумите да не зборуваат за тоа дека Унгарија ја нарушува својата заедничка европска позиција со тоа што се согласи на таква трансакција.

Сијарто додаде дека имало политички разговори за потребата од други извори на енергија и важноста на независноста од рускиот природен гас, но дека Будимпешта не може да купува гас „на идеолошка или филозофска основа“.

Енергетската безбедност е приоритет за владата, а Унгарија е зависна од Русија поради „физички, географски и инфраструктурни причини“, додаде Сијарто, заклучувајќи: „Не можеме да си ги грееме домовите со политички изјави“.

Слични содржини