Руска тв се заканува: Една ракета „Сармат“ и за 202 секунди Британија повеќе не постои

од Nikola Popovski
356 прегледи

На руската програма „Русија 1“, водителката на емисијата „60 минути“ Олга Скабеева и пратеникот во Дума Алексеј Журављов зборувале за тоа колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ може да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земјите кои ја снабдуваат Украина со оружје.

„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно тестираше ракета што го носи озлогласениот прекар „Сатана 2“ или „Сатановиот син“ во круговите на НАТО.

„Еден Сармат и британскиот остров не постои“

„Еден Сармат и толку – Британските острови постоеја, Британските острови повеќе не постојат. Сериозен сум“, рекол Журављов, пренесува порталот Правда.

Пратеникот од Думата, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата „Сармат“, „никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата“.

„Никогаш не кажувај никогаш“, одговори Журављов.

„Ќе почнеме од почеток“, коментира Скабеева. Таа изјави дека времето на летот на Сармат од Калининград до Берлин е 106 секунди, од Калининград до Париз 200 секунди, а до Лондон 202 секунди.

Во етерот беше прикажана графика со натпис „Време на летот на ракетата RS-28 Sarmat до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со најмногу оружје“.

„И ним (западните земји) треба да им се покаже оваа слика. Пребројте ја секоја секунда. За што ќе имате време? „Здраво, сè пристигна“, рече Журављов.

Слични содржини