Тешко дека Рома ќе заврши на четвртото место, се разбира, сега сите погледи се вперени во Лигата на конференции, односно освојување трофеј во ова натпреварување. Освен што тоа би значело влегување во ЛЕ следната сезона, тимот би инкасирал 25 милиони евра од наградата, со што би се зголемил и буџетот за засилувања.
Се зборува дека Мурињо добил ветување дека сопствениците ќе инвестираат во четири-пет засилувања, сериозни играчи кои би го однеле тимот на повисоко ниво.
Јасно е дека титулата во Тирана е уште далеку, прво мора да го елиминираат Лестер во реванш полуфиналето (1:1 на првиот меч во Англија), а потоа на крајот да го добијат мечот за трофејот, против подобриот од пресметката меѓу Марсеј и Феенорд.
Кој е на списокот на Мурињо?
Наводно ќе се обиде да ги купи Диого Дало и Ерик Баји од поранешниот клуб Манчестер Јунајтед, вториот е пореална приказна. Во средниот ред сонува за Матиќ и Џака, а една од алтернативите е Даглас Луиз од Астон Вила.
Во нападот прва мета и веќе се работи на тој трансфер е Гонзало Гуедеш од Валенсија, кој е, погодувате, играч на агентот Мендеш.
Рома е петта во првенството, како што кажавме нереално е на четири кола пред крајот да го стигне Јувентус, кој е на +8. За викендот Римјаните ја пречекуваат Болоња.
Мурињо изјави дека нема да ги меша картите и да ги одмора играчите за реваншот против Лестер.