Креаторите на „Аватар“ ги воодушевија љубителите на хит филмот со првите фотографии од работниот процес на новиот дел од филмот.
„Avatar: The Way of Water“ е официјалниот наслов на долго подготвуваното продолжение на ненадминатиот мега хит на Џејмс Камерон од 2009 година, кој со светски приход од 2,84 милијарди долари продолжува да биде филм со најголема заработка на сите времиња.
Дејството се случува 14 години по настаните во Avatar. Џејк Сали (Сем Вортингтон) живее среќно со Нејтири (Зои Салдана) и нивните деца, но кога старата закана повторно се наѕира над Пандора, двајцата се принудени да ги напуштат своите домови и да патуваат во различни региони на раздвижената месечина, барајќи помош од другите „нави“ племиња. Меѓутоа, неволјата ги следи внимателно …
Режиран од Џејмс Камерон (Вонземјани, Терминатор 2, Титаник), тој е и сценарист со Џош Фридман (Војна на световите).
Главните улоги ги толкуваат Зои Салдана, Сем Вортингтон, Сигурни Вивер, Стивен Ланг, Клиф Кертис, Џоел Дејвид Мур, К.К.Х. Паундер, Еди Фалко, Џејмеин Клемент, Џовани Рибиси, Мишел Јео итн.
Продуценти се Џејмс Камерон и Џон Ландау.