Кинеската новинска агенција Ксинхуа објави интервју со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во кое го коментира преговарачкиот процес со Русија.
„Руско-украинскиот преговарачки процес стана многу потежок по преговорите во Истанбул“, рече Кулеба, додавајќи дека преговорите сега се одвиваат со големи тешкотии, пренесува руски ТАСС.
Тој вели дека украинската делегација во Турција и претставила на Украина нацрт-договор за меѓународни безбедносни гаранции.
„Руската страна го доби овој предлог со цел дополнително да го проучи, но за жал, после тоа преговарачкиот процес стана многу комплициран. Единствениот начин да се обезбеди долгорочен ред и стабилност во Украина е да се врати суверенитетот на целата нејзина територија во меѓународно признатите граници“, рече Кулеба.