Трабзонспор шампион на Турција по 38 години (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Фудбалерите на Трабзонспор ја освоија првата титула во турската Суперлига по 38 години, а седма во историјата на клубот, на општо задоволство и на земјата и на навивачите ширум светот.

Во 35. коло од шампионатот ремизираа со Анталија, 2:2 и математички ја обезбедија титулата.

По натпреварот навивачите од преполните трибини влетаа на теренот, па славењето можеше да започне.

Оваа титула не се слави само на северот на Турција, туку на социјалните мрежи кружат видеа од големата прослава во Њујорк, но и во другите светски метрополи.

Трабзонспор со првото место на табелата обезбеди и учество во Лигата на шампионите следната сезона.