239
Кинеската престолнина Пекинг денеска ги заостри мерките против Ковид, обидувајќи се да го потисне новиот бран на короната.
Градот десет дена се бори против ширењето на епидемијата, а секојдневно се евидентираат десетици нови случаи, објави Ројтерс.
Мерката за заклучување во Пекинг се уште не е воведена, но од денеска важат построги правила за социјална дистанца, а во најзагрозените населби е воведена нова рунда масовно тестирање.