Украина би можела да загуби десетици милиони тони жито поради руската блокада на пристаништата на Црното Море, што би можело да предизвика криза во снабдувањето со храна што би ги погодила Европа, Азија и Африка, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Русија не дозволува бродови ниту да влегуваат ниту да излегуваат, бидејќи го контролира Црното Море. Москва сака целосна економска блокада на нашата земја“, изјави Зеленски во програмата на австралиската програма „60 минути“, пренесе Ројтерс.
Украина е главен извозник на житарки и други прехранбени производи, како и метали.