Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека слушнал различни мислења за ембаргото за увоз на руска нафта и дека некои земји не се подготвени на таков чекор.
„Другите земји не напредуваа толку многу како ние во однос на независноста од нафтата. Германија не сака да предизвика економска катастрофа“, рече Хабек, пренесува Ројтерс.
Хабек изјави дека „треба да разбереме дека времето на евтини фосилни горива помина“, додавајќи дека Германија се подготвува за сите сценарија кога е во прашање работата на рафинеријата „Шведт“, но дека се уште нема што да се објави во таа смисла.