ВМРО-ДПМНЕ и денеска бара избори, Ковачевски аплаудирал на „Скопје 2014“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска повторно побара предвремени парламентарни избори поради тоа што, како што вели, актуелниот премиер Димитар Ковачевски немал „интегритет и легитимитет“.

„Можеби најрадосен за отворањето на проектите од Скопје 2014, во првите редови секогаш никогаш позади, Ковачевски уживал во друштвото со тогашните функционери, се смеел, аплаудирал и уживал“, истакнува Арсовски.

Упати и повик до Ковачевски да се „охрабри“, да излезе на избори, и да си го „провери легитимитетот и интегритетот меѓу народот“.

– Проверете си го, па да видиме што мислат и што ќе кажат за вас, истакнува Арсовски.