262
„Светската криза е предизвик кој бара сериозност и државничко однесување. Наша одговорност како партија која ја предводи државата е да го одржуваме производството на храна стабилно и одржливо“, вели денеска на прес Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
„Националниот план за производство на храна се спроведува со засилено темпо. Аплицирањето е за финансиска поддршка за набавка за вештачки ѓубрива за засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед е веќе започнато.
Ги повикуваме сите земјоделци кои ќе набават вештачки ѓубрива во периодот од 01.12.2021 – 31.05.2021 да аплицираат и да ја искористат помошта, која ја обезбеди Владата предводена од СДСМ“, додава тој.