Шпанските власти денеска соопштија дека мобилните телефони на премиерот и на министерката за одбрана минатата година биле „инфицирани“ со „спајверот“ Пегаз, односно софтвер за неовластено шпионирање на корисници кој е дозволено само за владините агенции за операции кои не се одобрени од страна на владата.
Мобилниот телефон на премиерот Педро Санчез бил хакиран двапати во мај 2021 година, додека уредот на министерката за одбрана Маргарита Роблес бил цел еднаш следниот месец, објави високиот владин функционер Феликс Боланос, пренесе „Ројтерс“.
Тој истакнал дека за време на шпионската операција биле украдени голем број податоци, а извештајот за тоа кривично дело е префрлен на натамошна истрага во Врховниот суд на Шпанија.
„Немаме сомнеж дека ова е нелегален, неодобрен чин. Доаѓа од организации кои не се државни и немаат правна дозвола“, изјави Боланос.