Маричиќ: Бајрамските денови нека нѐ потсетат на убавината на различностите и потребата од негување добри односи

од Vladimir Zorba
194 прегледи

„Бајрамските денови нека нѐ потсетат на убавината на различностите и потребата од негување добри односи, почит и заедништво. Негувајќи го единството и убавината на различностите, ја зајакнуваме нашата верба во напредокот и го градиме вистинскиот пат за подобра и посреќна иднина на нашата земја“, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во својата честитка за денешниот празник.

Ви посакувам празникот да го поминете во мир, добро здравје, бериќет, со лична и семејна среќа, опкружени со вашите најмили и во духот на традицијата. Нека биде благословен и честит Рамазан Бајрам! “, додава тој.

Слични содржини