Половина милион Украинци се илегално однесени во Русија или на други места против нивна волја, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Зборувајќи за грчката државна телевизија ЕРТ, Зеленски истакна дека преостанатите цивили во фабриката Азовстал во градот Мариупол се плашат да се качат во автобуси, бидејќи веруваат дека ќе бидат однесени во Русија, пренесува АП.
Обединетите нации почнаа да ги евакуираат цивилите од фабриката, а Зеленски вели дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го уверил дека евакуираните ќе бидат префрлени во област контролирана од украинската влада.
„Сакаме да веруваме во ова“, изјавил украинскиот претседател, пренесува американската агенција.