Актерката Амбер Херд во среда треба да сведочи пред судот по повод тужбата за клевета на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. Таа ќе зборува откако тимот на Деп ќе заврши со презентирањето.
Меѓутоа, само неколку дена пред нејзиното претставување, Амбер го отпуштила целиот тим за односи со јавноста, пишува NBC News.
Додека ја подготвувала својата одбрана во текот на пролетта, Амбер платила за услугите на компанијата Precision Strategies, чиј коосновач е Стефани Картер, поранешна заменик-лидерка на кампањата на поранешниот американски претседател Барак Обама.
Сепак, според понатамошните пишувања, таа сега ја ангажирала The Management Group, чие седиште е во Беверли Хилс и има искуство во Холивуд.
Херд ја прекина соработката со својот досегашен тим во вторникот, кога изрази фрустрација поради известувањето за случајот.
Џони Деп сведочењето го започна на 19 април, а досега повеќето докази се во негова корист, а има и голема поддршка од фановите.