Полска е подготвена да биде целосно независна од руската нафта и е подготвена да ги поддржи другите земји да го намалат снабдувањето со фосилни горива од Русија, изјави денеска полската министерка за животна средина и клима, Ана Москва.
„Полска е горда што се наоѓа на листата на непријателски земји на Путин“, изјави таа за новинарите пред состанокот на министрите на ЕУ во Брисел, на кој ќе се разговара за енергетиката, пренесе Ројтерс.
Варшава сака ЕУ да одреди јасен рок до кој земјите-членки ќе треба да престанат со увоз на руска нафта, а ембаргото би можело да стапи на сила пред крајот на годината.