Судењето на поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп продолжува да го привлекува вниманието на јавноста.
Секој ден испливуваат нови пикантерии од нивниот заеднички живот, а една од најшокантните работи секако беше сведочењето на Деп за тоа како Херд му го оставила својот измет на креветот додека се уште биле во брак.
Тврдењата на актерот ги потврди и еден од телохранителите на актерот, Старлинг Џенкинс, кој во тоа време ја придружувал Амбер на фестивал и навел дека актерката тогаш му се пофалила со „изненадувањето што му го оставила на сопругот“.
Таа тогаш го опишала тоа како „ужасна шега која тргнала наопаку“.
Деп претходно изјави дека се смеел кога открил дека неговата поранешна сопруга „извршила нужда во нивниот кревет“.
„Мојата прва реакција беше смеа. Беше изложено и толку бизарно што можев само да се смеам“, рекол Џони на суд.
Тој додал дека таа потоа се обидела да ги обвини неговите кучиња за изметот, но тој не можел да поверува, бидејќи изметот бил преголем за кучињата од два килограми.