Конституиран унгарскиот парламент, Фидес на Орбан има мнозинство

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Во Унгарија денеска беше конституирано новото свикување на парламентот, во кој мнозинство пратенички места имаат Фидес на премиерот Виктор Орбан и Христијанско-демократската партија.

Унгарските пратеници дадоа заклетва, а конститутивната седница на парламентот ја отвори претседателот на Унгарија, Јанош Адер.

Пратениците на опозициската Демократска коалиција (ДК) и партијата Моментум ја напуштија седницата веднаш по церемонијата на полагање заклетва.

Слични содржини