Групацијата Фолксваген денеска објави дека нејзините подружници Порше и Ауди ќе се приклучат на Формула 1.
Извршниот директор на Фолксваген, Херберт Дис, изјави дека Ауди и Порше ја увериле Групацијата дека влегувањето во Формула 1 ќе донесе повеќе пари отколку што ќе чини, објави ЕСПН.
„Едноставно останавме без аргументи“, рече Дис.
Тој додаде дека подготовките на Порше за влез во Формула 1 биле поконкретни од оние на Ауди.
Ауди е подготвен да понуди околу 500 милиони евра на McLaren како средство за влез во конкуренцијата, а Порше има намера да го обнови партнерството со Ред Бул, објави Ројтерс во март.
Дис информира дека Порше ќе ги намали другите тркачки активности и повеќе ќе се концентрира на Формула 1, а извори наведоа дека влезот во Формула 1 ќе се случи за неколку години.