На украинските боишта се борат и многу доброволци од други земји, а меѓу нив и Сенад од БиХ.
Според пишувањата „Кликс“, Сенад поминал низ војната во БиХ, по што ја напуштил земјата и сега живее на релација меѓу Полска и Франција. Во Варшава има сопруга и деца, додека во Франција работи и се занимава со градежни работи.
Сепак, тој вели дека никогаш нема да заборави што се случило во неговата родна земја пред 30 години.
Тоа е една од причините поради која се приклучил на украинската војска. Сенад во разговор за украинскиот медиум „Хромадске“ се потсетил на последниот воен конфликт во БиХ.
– Еднаш Русите дојдоа во мојата земја и го убија моето семејство. Моите познаници. Тие ја уништија мојата земја како што ја уништуваат Украина денес“, изјавил тој за Хромадске.
"If we die, the Ukrainian flag will proudly hang on our coffins and we will be proudly returned to our land"- Bosnian Senad is currently fighting on the side of Ukraine. He believes that if the Russians are not defeated now, the world may forget about security.
Source Hromadske pic.twitter.com/HWWGk8DYop— Oleksandra Matviichuk (@avalaina) May 1, 2022
Тогаш во 1995 година се бореле и Сенад, неговото семејство и пријателите.
– Јас и сите луѓе од Меѓународната легија, не мора да се враќаме живи. Ако загинеме, украинското знаме гордо ќе ни виси на нашите ковчези и гордо ќе бидеме вратени во нашите земји. За разлика од руските кучиња, кои ќе скапуваат на украинска почва, рече тој.
Сенад смета дека ако „Русите не бидат поразени овде и сега, светот може да заборави на безбедноста“.
Затоа мисли дека со учеството во војната го штити и своето семејство кое живее во Полска. На крајот на краиштата, вели тој, откако Русите го убиле неговото семејство во 1995 година, тој повеќе не може да си дозволи да ризикува со нив.
Фото: Hromadske