Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа ја критикуваше изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека и Адолф Хитлер имал еврејско потекло, алудирајќи на Зеленски, кој има еврејско потекло.
„Немам зборови…“, рече Зеленски во своето полноќно обраќање.
„Никој не слушна некакво негирање или оправдување од Москва. Сè што имаме од таму е тишина. Тоа значи дека руското раководство ги заборавило сите лекции од Втората светска војна. Или можеби тие никогаш не ги научиле тие лекции“, рече Зеленски.
Русија постојано нагласува дека сака да ја денацифицира Украина, почнувајќи од нејзините челници, кои звучеа уште понеубедливо токму поради еврејското потекло на Зеленски.
Лавров со своите антисемитски изјави предизвика бурни реакции од Западот.
„Тој изнесува аргумент: каков нацизам може да има кај нив ако тој е Евреин. Можеби грешам, но и Адолф Хитлер имал еврејска крв. Тоа апсолутно ништо не значи. Мудриот еврејски народ вели дека најжестоките антисемити се обично Евреи“, рекол Лавров.