Роналдо до навивачите: Ви благодариме што не нè изневеривте

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо им се заблагодари на навивачите на тимот по победата над Брентфорд (3:0) во 35. коло од Премиер лигата. Тој постигна гол од пенал за 2:0 и веќе има 24 гола за тимот оваа сезона.

„Неверојатна поддршка од трибините. Да ја искористиме оваа прилика од нашиот последен натпревар на „Олд Трафорд“ во сезоната за да им се заблагодариме на нашите неверојатни навивачи кои имаа неверојатна сезона со нас и никогаш не нè изневерија. Ви благодарам, момци. Вашата поддршка е исклучително важна за нас“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

37-годишниот Португалец има договор со Јунајтед на уште една сезона.