Аплицирање од утре: Во Општина Центар субвенции за електрични велосипеди и тротинети

од Берта Китинска
413 прегледи

Општина Центар утре го започнува проектот „Цел Центар на точак“, односно ќе доделува субвенции со кои на жителите од нејзина територија, кои ќе купат велосипеди, електрични велосипеди и електрични тротинети, ќе им надомести дел од сумата.

-Ајде на точак, за заштита на животната средина и помал метеж во сообраќајот. Придружете ни се! ополнете барање и приложете фискална сметка со сметкопотврда или фактура, копија од лична карта, трансакциска сметка во Архивата на општината или барака број 6 или за повеќе информации јавете се на 3203-600. Биди фраер качи се на точак или вози тротинет – објави градоначалникот Горан Герасимовски на својата фејсбук страница.

Слични содржини