Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека никој не може да претпостави дека Русија нема да напаѓа други земји и додаде дека Германија ќе ги поддржи Финска и Шведска доколку одлучат да влезат во НАТО.
„Доколку овие две земји решат дека треба да се приклучат на НАТО алијансата, тогаш можат да сметаат на нашата поддршка“, рече Шолц откако беше домаќин на шведскиот и финскиот лидер, пренесува „Ројтерс“.
Шведска и Финска имаат поддршка од Германија за влез во НАТО.