Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море и го испратиле подалеку од германска територија, објавија денеска германските медиуми.
„Руски извидувачки воен авион е забележан во близина на островот Руген, по што два авиона Еурофајтер полетаа од базата Лааге кај Росток и го придружуваа рускиот авион подалеку од германска територија“, беше потврдено за Дпа.
Дополнително беше потврдено дека леталото „се приближувало кон германскиот воздушен простор“, но дека го променило правецот по полетувањето на германските авиони. Целиот инцидент се случил во саботата.
Во меѓувреме, данската влада го повика и рускиот амбасадор во земјава на информативен разговор поради неодамнешното влегување на рускиот воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во таа прилика рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор.