285
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во денешното обраќање во албанскиот парламент преку видеоврска рече дека украинската армија пронашла масакрирани тела во зоните оставени од руски војници.
Тој исто така рече дека „Русите не дозволуваат да се доставуваат храна и лекови во зоните на вооружени конфликти, и дека дури убиваат и деца“, пренесува Albanian Daily News.
Зборувајќи за ситуацијата во Мариупол, украинскиот претседател изјави дека тоа е целосно уништен град во кој има само „деструкција, убиства и тотален грабеж“ и дека во него се уништени многу верски објекти.