Путин му порача на Макрон: Западот мора да престане да испорачува оружје на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повторно разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, а главни теми се Украина и она што се случува во таа земја.

Според АФП, Путин му порачал на Макрон дека „Западот мора да престане да испорачува оружје на Украина“.

Исто така, рускиот претседател навел дека „Киев е несериозен во преговорите за прекин на конфликтот“.