229
Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во обраќањето пред украинскиот парламент преку видео врска.
Британскиот премиер, кој најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра за Украина, вклучувајќи опрема за електронско војување и радарски систем против батерии, рече дека Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина.
Британскиот премиер денеска во украинскиот парламент изјави дека Украина ќе победи и повторно ќе биде слободна, пренесува „Ројтерс“. Тој оцени дека Украина „го уништи митот за непобедливоста на претседателот Владимир Путин“ во борбата против Русија.