Димитриевски: Глигоров е најзаслужен што прогласивме независност без испукан куршум

од Nikola Popovski
525 прегледи

На денешен ден е роден Киро Глигоров (1917-2012), еден од великаните на современата историја на македонската држава. По тој повод се огласи и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, кој напиша дека првиот македонски претседател ја заслужува нашата најголема почит.

– Поради него, Македонија беше единствената држава од сите поранешни републики на Југославија која без испукан куршум прогласи независност. Неговите мудри политики и големото искуство треба да ни бидат за пример како да ја чуваме и унапредуваме Македонија. На 105 години од раѓањето на првиот претседател Глигоров ја испраќаме пораката дека сите ние треба да продолжиме по неговата визија – политиката на мир, рамноправност и соживот, да одиме по неговите чекори за европска и просперитетна Македонија, со слободни и среќни граѓани, потенцира Димитриевски.

Фото: Getty Images

Слични содржини